• Редакција Gol.mk
Македонскиот прволигаш Брера од Струмица се наоѓа пред реализација на уште еден интернационален трансфер. Младиот 19-годишен напаѓач Димитар Трајков од следната сезона ќе настапува во шампионатот на Украина, дознава Gol.mk.
Клубот од украинскиот шампионат, Житомир, постигна договор на четири години и само медицинските тестови го делат од трансфер во Украина.
Брера ќе добие обештетување од околу 300.000 евра, плус и процент од евентуалниот нареден трансфер. Ова е неочекуван и голем чекор напред за младиот напаѓач, кој оваа сезона одигра 22 натпревари и постигна два гола.
Младиот кавадарчанец е производ на клубот од Струмица и никогаш во кариерата не играл за друг клуб, освен за Академија Пандев (Брера Струмица).