Млад македонски тренер го презеде грчки Аминдео

Младиот македонски тренер Александар Максимов доби интернационален предизвик. 31-годишниот кочанчанец ќе работи во соседна Грција и веќе официјално е претставен во новиот клуб. Имено, Максимов е нов шеф на стручниот штаб на грчкиот третолигаш Ермис Аминдео.

По работата во младите категории на Брегалница и Работнички, Максимов започнува самостојна тренерска кариера во сениорска конкуренција. 

Како играч Максимов настапуваше во македонски клубови, но и во Србија, Босна и Херцеговина, Австрија, Германија...

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.