Млад литвански судија делегиран за мечот на Македонија во Торшавн

Европската фудбалска федерација - УЕФА ги делегира официјалните лица за првите натпревари од Лигата на нациите. 

Македонија на Благоја Милевски ќе тргне во првото коло против Фарски Острови на гости во Торшавн. За овој меч е делегиран литванскиот судија Манфредас Лукјанчукас. 

Со 31-годишниот арбитар ќе работат неговите сонародници Александрас Степановас и Мангирдас Мираускас. Четврти судија ќе биде Вилиус Пауласкас. 

Мечот меѓу Фарските Острови и Македонија се игра в сабота во 15:00 часот.