• Иван Димовски
Фудбалско Косово денес тагува, откако беше објавена информацијата за смрт на младиот фудбалер Ерион Кајтази.
Според информациите, се работи за срцев удар, кој предизвикал смрт кај младиот Кајтази. Ова го потврди неговиот клуб, како и косовската федерација. Кајтази добил удар на среде натпревар во младинската Суперлига на оваа земја, паднал на теренот без свест и бил пренесен во болница, меѓутоа докторите не успеале да го спасат и тој починал.
Се работи за 17-годишно момче кое беше член на фудбалскиот клуб Трепча. Исто така, Кајтази беше репрезентативец на Косово до 17 години, како и на други младински категории.