• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар донесе ново име во своите редови и потпиша со младиот голман Даниел Диковски.
19-годишниот голман му се приклучува на првакот од тимот на Брера Струмица, за која бранеше на вкупно 14 натпревари оваа сезона во Првата лига на Македонија.
За Диковски, Брера беше прв клуб како професионалец во кариерата, а со екипата на Вардар потпиша тригодишен договор.
Претходно, Даниел Диковски во младинскиот фудбал беше дел од екипите на Брера Струмица и Македонија ЃП.
