Млад голман на Норич боледува од рак: Минувам низ тежок период

Младиот голман на Норич Сити, Ден Барден, откри дека боледува од рак на тестисите, и потврди дека во следниот период ќе мора да се повлече од активното играње фудбал.

20-годишниот фудбалер моментално е позајмен во шкотскиот премиерлигаш Ливингстон, но ќе се врати во Англија каде ќе го продолжи своето лекување. Неговата дијагноза е втората на фудбалер од Премиер лигата во една недела, откако претходно членот на Борнмаут, Дејвид Брукс објави дека има втора фаза на Хочкин лимфом.

„Ова е многу тежок и предизвикувачки период, но поддршката од моето семејство, пријателите и колегите ми помогнуваат да ги надминам проблемите во последните неколку недели“, рече Барден за официјалната веб-страница на клубот на Норвич.

Тој ќе биде внимателно следен со специјална програма за лекување, а засега не е познато кога ќе им се врати на фудбалските терени.