Млад бек на Шкупи опериран, го чека долга пауза

Младиот Давор Серафимов од Шкупи беше опериран и успешно го започна периодот на заздравување од тешката повреда. 

За време на последниот дуел во Турција на Шкупи против Игдир, Серафимов ги повреди лигаментите на коленото. Поради тоа, тој мораше да биде опериран, а зафатот беше успешно извршен. 

Сепак, пред Серафимов сега е сериозна задача, а тоа е заздравување од тешката повреда. Младиот десен бек ќе биде отсутен најмалку шест месеци, па оваа година не се очекува да заигра фудбал за Шкупи. 

Инаку, станува збор за 19-годишен фудбалер кој минатото лето од Вардар се пресели во Шкупи. Минатата сезона во ПМФЛ тој имаше улога на резервист и собра шеснаесет настапи.