• Зоран Мишевски
26. коло од шампионатот на Хрватска во фудбал започна со богат дуел со голови и одличен настап на македонскиот интернационалец Димитар Митровски. Нашиот млад фудбалер беше стрелец во ремито меѓу Вараждин и Истра 1961 (2-2).
Митровски го отвори резултатот во 16. минута, постигнувајќи го четвртиот гол оаа сезона. Дабро во 30. минута зголеми на 2-0 и наговести домашна победа. Сепак, гостите од Пула во продолжението од натпреварот се вратија во игра и освоија бод. Валинчиќ и Вук уште до крајот на првиот дел израмнија на 2-2.
- Извештај од натпреварот:
Вараждин е седми со 27 бодови, додека Истра е класифицирана на деветтото место со еден бод помалку.
Лидер во ХНЛ е Ријека со 53 бода, пред Хајдук на Трајковски со 52 и Динамо на Адеми и Ристовски со 48 бода и натпревар помалку.