• Горан Упале
Македонскиот фудбалер Димитар Митровски одново беше херој на Вараждин, откако во денешното соочување со Славен Белупо на гости го постигна единствениот погодок со кој неговиот тим извојува минимална победа од 0-1.
Голот вреден три бода за Вараждин повремениот македонски репрезентативец го постигна по еден час игра, откако со прецизен удар со лева нога го матира Сушак и донесе молк на Градскиот стадион во Копривница.
За Митровски ова беше петти овосезонски погодок во хрватскиот шампионат, на 24 натпревар. За Вараждин стартер беше Младеновски, додека Несторовски не се најде во составот на Славен, поради акумулација на картони.