ВИДЕО: Митровски прв стрелец, па мајсторија на Чурлинов за Македонија!

Името на Димитар Митровски ќе остане запишано како прв стрелец за Македонија У21, во рамки на новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година.

Нашата репрезентација имаше негатива и губеше од Фарски Острови, по гол кој го прими од пенал кој го направи Руфати, но брзо се врати во мечот, со погодок на Димитар Митровски. Младиот фудбалер прими топка во шеснаесетникот од Чурлинов и по земја биеше, за 1-1.

  • Голот на Митровски за изедначување:

Потоа, во мрежата на Фарски Острови погоди и Дарко Чурлинов, по една одлична акција, откако прими топка на средината на теренот и изведе спринт, а потоа одлично ја исконтролира ситуацијата и со левата нога биеше по земја.

Пред финишот на првото полувреме следеше и трет гол во мрежата на Фарски Острови, кој го постигна Димитар Митровски, по асистенција на Даци.

  • Голот на Митровски за 3-1:

Македонија важи за голем фаворит во дуелот со Фарски Острови, прв за нашиот национален тим во овој циклус во кој ќе бидеме предводени од Благоја Милевски.