ФОТО: Митровски пак си ја зеде топката по хет-трикот за Македонија

Димитар Митровски го даде вториот хет-трик во дресот на Македонија У21 и го доби вториот „сувенир“ по првиот евроквалификациски натпревар.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон на дуелот со Гибралтар (6-1) во 2018 година даде три гола во противничката мрежа и си ја зеде топката, а ист беше случајот и сега, во мечот против Фарски Острови, во кој се извојува највисоката победа во историјата на У21 (7-1).

>>> ФОТО: Митровски даде хет-трик против Гибралтар, па си ја прибра топката за спомен!

Митровски беше лидер, даде три гола, а исто така забележа и една асистенција на оваа средба. Младиот фудбалер сигурно ќе носи убав спомен од овој репрезентативен настап, во циклусот за ЕП 2021.