Митровски не се наметна во Партизан, сега е на тест во Полска

Македонскиот фудбалер Димитар Митровски е во потрага на нов клуб како слободен играч, а следна дестинација може да му биде Полска.

22-годишниот плејмејкер важеше за еден од најталентираните играчи во последната У21-генерација, беше дел од Спортинг Лисабон во Португалија, но двете страни се разделија во месец јули по истекот на договорот.

Митровски беше на проба во белградски Партизан, но не успеа да се наметне кај тренерот Александар Станојевиќ, а сега е на тест-период во Полска. Младиот фудбалер е на проба во редовите на Варта Познањ, каде е со уште еден француски фудбалер, тоа е Абдулаје Утара.

Митровски играше за Спортинг Лисабон, каде го носеше дресот на Б-тимот и У23, а во кариерата беше дел и од германски Магдебург У19 и Ханза Рошток. Играчот е производ на фудбалската школа на Работнички.