• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Димитар Митровски беше еден од клучните играчи во победата на Олимпија од 1-2 на гостувањето против Радомље
Фаворитот славеше над екипата на чија клупа е македонскиот стратег Југослав Тренчовски. Радомље играше одличен меч, имаше и водство од 1-0 се до 69. минута кога Димитар Митровски погоди за израмнување на 1-1.
За победа на Олимпија во 84. минута погоди Марин.