Митровски: Мора да веруваме во себе, сакаме сериозна улога во циклусот

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа победа на пријателскиот натпревар против Финска (1-0), а Димитар Митровски, еден од фудбалерите меѓу младинците, беше задоволен од изданието и посака успешен квалификациски циклус за овој национален тим.

„Одигравме одличен натпревар, го надигравме противникот и заслужено победивме. Не искористивме неколку шанси и за убедлива победа. Најважно е дека се уверивме во нашите квалитети против сериозен противник и верувам дека ќе играме сериозна улога во квалификациите. Треба да продолжиме со работа и да веруваме во себе“, изјави Митровски.

За екипата на Благоја Милевски сега следат квалификации за ЕП, во кои нашиот национален тим е со Шпанија, Црна Гора, Казахстан, Израел и Фарски Острови. Истите стартуваат на 10 септември.