• Иван Димовски
Димитар Митровски влегува во ритам на крајот на сезоната во Хрватска. Македонскиот репрезентативец постигна два гола и беше херој на Вараждин во победата над Локомотива Загреб (2-1) во 32. коло на ХНЛ.
Поведоа гостите во Вараждин по пеналот на Мудражија во 30. минута. Митровски блесна во второто полувреме бидејќи беше двоен стрелец и режира пресврт. Македонецот прво погоди по еден час игра, директно од слободен удар од околу 25 метри. Топката имаше незгоден пад и од стативата заврши во гостинската мрежа. Потоа, во 83. минута Митровски доби топка на пеналтикот од Маглица, со приемот ги исфрли чуварите и пласира за 2-1.
Ова беа шести и седми гол за Димитар Митровски оваа сезона во хрватското првенство. Македонскиот крилен фудбалер влезе во ритам, бидејќи беше стрелец и најдобар играч на Вараждин и во минатото коло.