Митровски донесе победа за Варжадин и се најде во тимот на колото во ХНЛ

Македонскиот фудбалер Димитар Митровски е во тимот на колото на петтата рунда во хрватскиот шампионат.

Митровски донесе победа за неговиот Вараждин во дуелот со Локомотива Загреб, откако во 51. минута погоди од пенал за 1-0. Тоа му донесе место во идеалната единаесетка за изминатата рунда.

Поголемиот дел од европските лиги заминуваат на пауза поради репрезентативните обврски, а Митровски е дел од националниот тим на Македонија.