• Мартин Танасковски

Димитар Митровски во моментов игра во хрватски Вараждин. Во интервју за хрватските медиуми говореше за неговото минато во тимот на Спортинг Лисабон каде работеше со Рубен Аморим кој сега го води Манчестер Јунајтед, а исто така и за соиграчите – тоа беа Бруно Фернандеш и Рафаел Леао.
„Аморим беше пред времето, а Бруно стана икона на клубот. Неверојатен играч. Со мене тренираше и Рафаел Леао кој сега е во Милан, исто така феноменален. А, Кристијано Роналдо е божество. На секој чекор е неговата фотографија, сега дури и Академијата го носи неговото име. Нема виновници зошто не успеав во Спортинг. Едноставно, сплет на околности. Но, човек мора да е свесен дека сам си е виновен за сите работи. Така и јас“, изјави Митровски.
Митровски беше дел од Спортинг до 2022 година. 26-годишникот по португалската авантура се пресели во Академија Пандев, а потоа премина во Вараждин.