• Мартин Танасковски

Српскиот центарфор Александар Митровиќ беше еден од јунаците на Србија во големата победа кај Норвешка (0-2) и пласманот во А-дивизијата од Лигата на нациите. Голгетерот на Фулам игра во страшна форма, а со шестиот сезонски гол во натпреварувањето ги исфрли Халанд и дружината.
По мечот, Митровиќ говореше за Ерлинг Халанд, за кого имаше само пофални зборови и кажа дека тој ќе биде еден од најдобрите напаѓачи во светот.
„Бевме строги кон Халанд и не му дававме многу простор. Нашите дефанзивци одлично си ја завршија работата. Учам од него, како се движи, како го создава просторот... Може да погоди и со лева и со десна. Фантастичен и опасен играч, веднаш дава гол ако му се даде шанса. Ние сме двајца различни играчи. Халанд не само што ќе биде еден од најдобрите во Премиер лигата, туку и во светот“, изјави Митровиќ.
За Србија ова е прв пласман во А-дивизијата на Лигата на нациите. Исто така селекцијата ќе игра и во баражот за место на ЕП 2024 преку ова натпреварување поради лидерската позиција во групата.