• Зоран Мишевски

Откако вербално го нападна судијата Крис Каванaг, Александар Митровиќ во непростливо однесување ја стави раката врз судијата, за што ќе биде најстрого казнет. Според британски „Телеграф“, напаѓачот на Фулам би можел да се соочи со дури десет натпревари суспензја, поради тоа што го направи.
„Не можам да разберам што минува низ главата на еден играч во такви моменти, и навистина ни е потребно раководното тело на спортот да преземе силна, решителна акција. Не е доволна суспензијата од три натпревари, а доколку се случи, ќе испрати страшна порака“, тврди новинарот Кит Хакет од „Телеграф“.
Она што е особено интересно и малку збунувачко е тоа што реакцијата на Митровиќ дојде по очигледно правилната одлука на Каванаг да го исклучи Вилијан, додека го одбрани со рака ударот на Џејдон Санчо на гол-линијата, за да спаси чист гол.
Каванаг на почетокот немаше најдобар поглед, но ВАР ја донесе вистинскатa одлука, давајќи му шанса повторно го види спорниот момент. Јунајтед потоа стигна до 1-1, а бидејќи и Вилијан и Митровиќ добија директни црвени картони, „црвените ѓаволи“ постигнаа уште два гола до крајот на натпреварот и со тоа се пласираа во полуфиналето на ФА Купот. Лудите постапки на Митровиќ би можеле да го чинат крај на сезоната. Сега на потег е дисциплинското тело на Англиската фудбалска асоцијација (ФА).
Јунајтед ќе игра против Брајтон на „Вембли“ во полуфиналето на 22 или 23 април, а во второто полуфинале ќе се сретнат Манчестер Сити и Шефилд Јунајтед. Големото финале е закажано за почетокот на јуни.