ВИДЕО: Митровиќ повторно правеше проблеми, но Де Хеа овојпат не попушти

Де Хеа Митровиќ

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед запишаа уште една лесна победа на гостувањето кај Фулам.

Освен рутинската игра и трите гола на гостинскиот тим од „Олд Трафорд“, мечот беше одбележан и од директниот судир на Давид Де Хеа и Александар Митровиќ. Шпанскиот голман тргна на физичка пресметка со Србинот кој претходно невнимателно стартуваше врз него, иако топката веќе беше во рацете на противникот.

Тоа не му се допадна на Де Хеа, кој го фати Митровиќ за врат, а овој не сакаше да дозволи такво однесување, па возврати со своја агресија.

Поголем инцидент спречија Крис Смолинг и Фил Џонс, кои веднаш дотрчаа и ги разделија двајцата фудбалери.