ВИДЕО: Митровиќ полуде по пеналот на Јунајтед и го нападна судијата!

Манчестер Јунајтед ја оправда улогата на фаворит во последниот четвртфинален натпревар од ФА Купот и со победата од 3-1 над Фулам патува меѓу четирите најдобри во најстарото клупско натпреварување на Островот.

Бруно Фернандез со два гола и Сабицер со еврогол со пета се хероите на „ѓаволите“, но домаќините на оваа средба добија огромна помош и од Александар Митровиќ. Српскиот ас, откако во 55. минута го шокираше Јунајтед и погоди за водство на Фулам, во 72. минута направи огромна глупост и предвреме го заврши натпреварот. 

Имено, откако Јунајтед доби најстрога казна, Митра, видно налутен, го нападна главниот судија и очекувано заработи црвен картон. 

Една минута претходно, истата судбина ја доживеа и искусниот Вилијан, кој поради игра со рака во казнениот простор заврши во соблекувалната.

Состави

Ерик тен Хаг

4-1-4-1

    Marco Silva

    4-2-3-1

      Најнови вести од
      ФА Куп, Англија