Митровиќ: Не мора да дадам ниеден гол до крај, само сите да ги победиме!

Александар Митровиќ промаши неколку зицери на мечот против Костарика, но и покрај тоа Србија дојде до триумф (0-1). По мечот, напаѓачот истакна дека е задоволен од победата и истакна дека нема да ги брои своите голови на овој Мундијал, туку ги сака само бодовите.

„Ова е убав ден за сите навивачи на Србија ширум светот. Одигравме еден тежок меч, но издржавме до крајот и победивме. Добро стоевме на терен, бевме компактни. Нашата одбрана и средниот ред беа главни. Важно ми е што играме добро, не ги бројам моите голови и шанси. Не мора да дадам ниеден гол до крај на Светското првенство, само сите да ги победиме“, изјави Митровиќ.

Нареден предизвик за Србија ќе биде меч со Швајцарија.