ВИДЕО: Митровиќ како Нејмар – се препелкаше по тревникот како да го удрил Тајсон!

Еден од најдобрите српски фудбалери, Александар Митровиќ, беше еден од ретките членови на Фулам кој му остана верен на клубот по испаѓањето од Премиер лигата претходната сезона. 

По стартниот пораз од Барнсли, Фулам синоќа ја запиша втората победа во низа во Чемпионшип лигата, а Митровиќ повторно беше меѓу најдобрите поединци на менаџерот Паркер. Србинот беше творец на еден погодок на дуелот со Хадерсфилд, но во самиот финиш од мечот изрежира срамна симулација, откако во стилот на Нејмар се прпелкаше по тревникот.

Да бидеме искрени до крај, Митровиќ доби удар во главата од лутиот противник, но дефинитивно претера со реакцијата.