Митровиќ има четири понуди од англиската елита, но мисли само на Фулам

Александар Митровиќ игра сезона од соништата, а веќе оваа зима би можел да ја промени средината затоа што постои голем интерес за него.

Турскиот новинар кој е специјализиран за трансфери, Екрем Конур, објави дека четири клубови од Премиер лигата го сакаат Митровиќ во своите редови.

Имињата на екипите не се откриени, но се шпекулира дека два од нив се Вест Хем и Њукасл Јунајтед. Меѓутоа, Митровиќ јасно ставил до знаење дека нема намера да го напушти Фулам оваа зима затоа што се бори за промоција во ПЛ.

27-годишниот Митровиќ во Фулам е од 2018 година, а пристигна од Њукасл.