ВИДЕО: Митровиќ и Јовиќ ја наполнија литванската мрежа, Косово ја изненади Бугарија

Српската репрезентација ја запиша првата победа во квалификацискиот циклус за Европското првенство 2020 година. 

Во рамките од третото коло од групата Б, фудбалерите на Крстајиќ беа надмоќни во дуелот со Литванија и стигнаа до трите бода (3-1). Ударното напаѓачко дуо Александар Митровиќ и Лука Јовиќ се погрижија со три гола да ја наполнат литванската мрежа уште во првиот дел и да го најават славјето на својата екипа.

Втората средба донесе позитивен резултат за Украина, која по вторпат го надигра Луксембург (1-0), овојпат пред своите гледачи, со голот на Јаремчук.

  • Извештај од натпреварот: 

Ефикасен меч одигра Романија на гости кај Малта (0-4) и очекувано го освои цел плен во групата Ф. Останатите натпревари донесоа рутина на Норвешка кај Фарски Острови (0-2) и убедлив настап на Шпанија против Шведска (3-0). 

„Фуријата“ се врати на официјален натпревар во Малта, а головите за триумф ги постигнаа Рамос и Мората од пенали и дебитантот Ојарзабал. На клупата на шпанската репрезентација пак не седеше Луис Енрике заради приватни причини.

  • Извештај од натпреварот: 

Фаворитите си ја завршија работата во групата Д. Република Ирска на Мик МекКарти со два гола против Гибралтар (2-0) оствари трета квалификациска победа, а Данска по две реми средби конечно се израдува на три бода и ја совлада Грузија (5-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Два меча се одиграа во групата А, во кои Чешка ја продлабочи кризата на Црна Гора (3-0), а Бугарија изненадувачки загуби од Косово (2-3). Овие три гола и три бода на косовската селекција опоменуваат пред полуфиналето од Лигата на нации против македонската селекција. 

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 4 3 1 0 8:1 7 10
2 ЛуксембургЛуксембург 4 1 1 2 4:5 -1 4
3 СрбијаСрбија 2 3 1 1 1 5:7 -2 4
4 ПортугалијаПортугалија 1 2 0 2 0 1:1 0 2
5 ЛитванијаЛитванија 1 3 0 1 2 3:7 -4 1