Митревски си замина од Истра, кризата ќе го избрка и Китановски?

Екипата на Истра ја тресе голема криза, па ден по натпреварот против Хајдук поради финансиска криза играчи почнаа да си заминуваат од клубот.

Прв кој повлече црта е Ристо Митревски, македонскиот 26-годишен интернационалец, кој незадоволен од состојбата решил да бара нова средина.

Клубот ја потврди информацијата за заминувањето на Македонецот, а не е исклучено во наредниот период од тимот да си замине и Томе Китановски, вториот македонски интернационалец кој настапува за Истра.

Покрај Митревски, од Истра се раздели и Сандро Готал. Тимот се наоѓа на претпоследното место во ХНЛ-лигата со 13 освоени бода.