ВИДЕО: Митревски од првите редови го бодри Порто во ЛШ!

Португалскиот фудбалски гигант Порто го игра првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите, а очекувано, на преполниот „Драго“ атмосферата е пеколна.

Шансата да се гледа елитен фудбал не ја пропушти нашиот најдобар ракометен голман. Никола Митревски од првите редови го бодри Порто против Клуб Бриж, и на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата на легендарниот португалски стадион.

Искусниот македонски голман, кој веќе трета сезона е меѓу стативите на ракометниот колектив на Порто, ја користи секоја прилика да ги бодри своите фудбалски колеги.

Состави

Серџо Консеисао

4-4-2

    Ronny Deila

    4-3-3