Митровски: Целта е да се надигруваме и да освоиме бодови против Русија

Пред квалификацискиот натпревар на селекциите до 21 година на Русија и Македонија од циклусот за Европското првенство во Италија следната година, нашиот фудбалер Димитар Митровски ја препушти фаворитската улога кај домаќините.

„Русија е фаворит, се борат за место на Европското првенсто, а ние нема што да загубиме. Во тимот има одлична атмосфера, немавме спортска среќа на последните два натпревари против Србија и Ерменија и се надевам дека тоа сега ќе се смени. Квалитетни сме, веруваме во нашите можности, добро се подготвувавме и целта е да се надигруваме со Русија и да се обидеме на освоиме бодови“, заврши Митровски.

Натпреварот меѓу Русија и Македонија, кој се игра утре во 18:00 часот, ќе го водат норвешки судии, на чело со Кристофер Хагенес. 

Најнови вести од
У21 ЕУРО Кв., Интернационални Млади