ВИДЕО: Митра игра „ѕверски“ за Србија, Азербејџан прелетан од „орлите“ на Пикси

Фудбалската селекција на Србија го положи најважниот испит во мартовските квалификации за Светското првенство во Катар следната година, затоа што на тешкото гостување во Азербејџан извојува клучна победа од 1-2 (0-1).

  • Азербејџан - Србија 1-2: 

Момците на Драган Стојковиќ-Пикси вечерва беа пред голем притисок, затоа што мораа со победа да ги потврдат одличните настапи и четирите бода освоени против Ирска (3-2) и Португалија (2-2), но ниту тоа не му застана на патот да го минат и овој тест и на погонот на Александар Митровиќ извојуваа нова заслужена победа. 

Членот на Фулам, кој оваа сезона ја грее клупата на премиерлигашот, уште еднаш докажа дека дава повеќе од максимум кога игра за својата селекција. Популарниот Митра кој стрелаше и на претходните два меча, вечерва одново беше најсилното оружје на Србија и со два гола, од кои едниот во самиот финиш обезбеди ново славје за „орлите“. Единствениот гол за домашната селекција го постигна Макмудов за тогашни 1-1.

  • Кипар - Словенија 1-0:

На вториот квалификациски натпревар кој се одигра од 18:00 часот селекцијата на Кипар приреди изненадување, затоа што со минимални 1-0 славеше над фаворизираната Словенија.