ВИДЕО: Митра го промаши голот од пенал, Фулам и Шефилд сè уште без победа во ПЛ

Две од четирите екипи кои сè уште се без победа во Премиер лигата, ниту во меѓусебниот дуел не успеаја да запишат бодови на свето конто, откако во првиот натпревар од денешната програма на англиската елита одиграа реми со по еден постигнат гол (1-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Шефилд Јунајтед и Фулам се во голема играчка и резултатска криза уште од стартот на сезоната. Многумина очекуваа дека токму овој натпревар ќе биде отскочна даска за една од двете екипи, но момците на Паркер и Вајлдер повторно потфрлија и ги разочараа своите фанови. 

Особено, лути се приврзаниците на лондонскиот тим, затоа што нивната прва ѕвезда Александар Митровиќ не реализира удар од еднаесет метри, поточно во 57. минута го промаши целиот гол на домаќините. Сепак, Лукман во 77. минута по една фантастична соло акција донесе радост за лондончани, но залудно, затоа што Шарп од најстрога казна донесе реми за домашната екипа (1-1).

Во следното коло Фулам нова шанса за премиерна победа ќе има на свој терен против градскиот ривал Кристал Палас, додека Шефилд гостува кај шампионот Ливерпул