Митов-Нилсон има нов клуб: Норчепинг го трампаше во Сундсвал

По долгата пауза, повредата и загубеното место во репрезентацијата на Македонија, младиот голман Давид Митов-Нилсон има нов клуб. Во следната сезона тој и натаму ќе брани во шведската елитна категорија, наречена Алсвенскан, но дресот на Норчепинг ќе го замени со тој на Сундсвал.

Двата клупа се решија за трампа на голманите, а според информацијата на официјалната веб страница на двата клуба, ниту Норчепинг, ниту Сундсвал немаат опција за откуп на договорот. 

28-годишниот голман има само еден настан за сениорската репрезентација на Македонија, против Белорусија, а претходно настапуваше за младинските категории на Шведска. Во клупскиот фудбал собра 118 настапи за Норчепинг, па следната сезона за првпат ќе го менува клубот во елитната категорија.

Најважно за македонскиот голман е што повредата е минато и следната сезона може со контуниитет да настапува за новиот клуб.