• Иван Димовски

Екипата на Холабрун загуби од Сeнт Полтен со 29-34, во рамките на Втората лига во Австрија. На овој натпревар настапија двајца поранешни репрезентативци на Македонија, кои на крајот не се радуваа на триумф и беа поразени.
Сепак, Влатко Митков и Никола Костески го режираа можеби најубавиот гол на овој дуел. Тие им „продадоа“ атрактивен цепелин на Австријците. Митков од бековската позиција му фрли висока топка на крилото, а Костески со одличен ској ја прифати и стрелаше во противничката мрежа.
- Атракцијата на Митков и Костески во Австрија:
Овој натпревар беше добар за македонските интернационалци, бидејќи Костески го заврши со пет реализации, а Митков имаше една помалку.