• Мартин Танасковски
Македонскиот повремен репрезентативец Мите Цикарски ќе има нов клуб затоа што спогодбено го раскина договорот со бугарскиот клуб Ботев Пловдив.
27-годишниот лев бек претходно се обврза на двегодишен договор со бугарскиот тим, но шест месеци порано од предвиденото си заминува и е во потрага на нова средина каде ќе добива редовен првотимски статус.
Цикарски вп ПМФЛ ги носеше дресовите на Вардар, Работнички и Академија Пандев, играше и за романски Газ Метан, грчка Јанина и кипарски Етникос.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк