Мите Цикарски во следните две сезони ќе игра за Ботев Пловдив

Иако се поврзуваше со неколку македонски клубови, левиот бек кој стигна и до националната репрезентација, Мите Цикарски и следната сезона ќе игра во странство. Цикарски потпиша за бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

27-годишниот лев бек се обврза на двегодишен договор со бугарскиот тим.

Цикарски вп ПМФЛ ги носеше дресовите на Вардар, Работнички и Академија Пандев, играше и за романски Газ Метан, грчка Јанина и кипарски Етникос.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк