Мите Цикарски се раздели со ПАС Јанина

Повремениот македонски репрезентативец Мите Цикарски во зимскиот преоден рок ќе бара нова средина, затоа што се раздели со грчкиот тим ПАС Јанина.

Цикарски, кој има 26 години и настапува на левата бековска позиција, направи трансфер во Грција во 2018 година, но одигра само петнаесет меча, па реши да побара поголема минутажа во друг клуб. Фудбалерот веќе разгледува понуди, а каде ќе продолжи, допрва ќе се знае.

Македнскиот фудбалер како младинец беше дел од Партизан, а сениорската кариера ја почна во редовите на Вардар. Цикарски потоа две години беше дел од Работнички, за потоа да стартува интернационална кариера и да ги носи дресовите на Етникос Ахна и ПАС Јанина.