Мите Цикарски пред заминување од романски Газ Метан

Македонскиот интернационалец Мите Цикарски е пред заминување од романски Газ Метан и кариерата многу веројатно ќе ја продолжи во нова средина,

Цикарски, кој има 26 години и настапува на левата бековска позиција, направи трансфер во Романија од Грција, но одигра само четири меча, па ќе си бара поголема минутажа во друг клуб. Повремениот репрезентативец веќе разгледува понуди, а во кој шампионат ќе ја продолжи кариерата, допрва ќе се знае.

Македнскиот фудбалер како младинец беше дел од Партизан, а сениорската кариера ја почна во редовите на Вардар. Цикарски потоа две години беше дел од Работнички, за потоа да стартува интернационална кариера и да ги носи дресовите на Етникос Ахна, ПАС Јанина и Газ Метан.