Мите Цикарски пред промоција во романски Газ Метан

Повремениот македонски репрезентативец Мите Цикарски е пред трансфер во Романија каде ќе го носи дресот на Газ Метан.

Цикарски, кој има 26 години и настапува на левата бековска позиција, беше дел од грчка Пас Јанина, но откако не доби редовна минутажа реши да ја бара среќата во друг тим. Негова наредна дестинација многу веројатно ќе биде Романија, од каде велат дека се е договорено.

Романски „Дигиспорт“ пишува дека Цикарски веќе постигнал договор со челниците на тимот и дека доаѓа како замена за Јулиан Кристеа, кој направил трансфер во гигантот Стеауа.

Македнскиот фудбалер како младинец беше дел од Партизан, а сениорската кариера ја почна во редовите на Вардар. Цикарски потоа две години беше дел од Работнички, за потоа да стартува интернационална кариера и да ги носи дресовите на Етникос Ахна и ПАС Јанина.