• Мартин Танасковски

Екипата на Академија Пандев донесе ново име во своите редови и потпиша со искусниот играч Мите Цикарски.
Испразнетото место на левата бековска позиција е пополнето со квалитетно засилување и име кое беше поранешен репрезентативец на Македонија. Цикарски доаѓа на местото на Михаил Маневски кој си замина и ја засили Брегалница.
27-годишниот лев бек веќе се приклучи на тренинзите на сениорскиот тим, а во својата кариера има настапувано за екипите на Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Вардар, Работнички...
Академија Пандев е на третото место во ПМФЛ и до крајот на сезоната ја чека тешка битка за Европа.