• Иван Димовски

Екипата на Башкими е во потрага по нова победа, по двата последователни порази кои ги претрпе од Вардар и Брера. По минималната победа над Пелистер во 17-тото коло (1-0), кумановската екипа сега цели кон три нови бода во својата главна мисија, опстанок во елитата на домашниот фудбал.
Мухарем Мислими верува дека Башкими ја поседува потребната сила за да го совлада предизвикот што го носат младите фудбалери на Шкупи.
„На нашиот стадион го пречекуваме Шкупи, иако официјално сме гости. Тимот на Шкупи се потпира на своите млади сили и токму во тоа ја гледам нивната најголема сила. Не смее да има никакво потценување, потребен е максимален ангажман бидејќи бодовите од овој натпревар ни се неопходни. Верувам и силно се надевам дека по 90 минути игра, резултатот ќе биде позитивен за нас“, изјави Мислими.
Во последните осум пресметки меѓу овие две екипи Башкими има четири победи, Шкупи има три, а еден меч заврши нерешено.
Натпреварот од 21. коло на ПМФЛ меѓу Шкупи и Башкими ќе се одигра на стадионот во Куманово, со почеток во 14:00 часот.




