• Зоран Мишевски
По краткото искуство во Грузија, каде што го носеше дресот на Самтредиа, Александар Мишов има нов клуб. Тој се договори да настапува за бугарскиот тим Етар Велико Трново и веќе позираше во виолетовиот дрес.
25-годишниот Мишов е изданок на Академија Пандев, а покрај за матичниот клуб и Тиквеш, настапуваше и во дресот на Борец. Потоа мина една година во Грузија, каде бележеше добри игри во тимот на Димитар Капинковски.
Мишов веќе пристигна во Бугарија и беше претставен пред јавноста и медиумите.
Етар Велико Трново е последно пласиран тим во шампионатот на нашиот сосед.