Мишов: Добро тргнавме со Христов, респект до Вардар – но имаме амбиции во Скопје!

Фудбалерите на Тиквеш гостуваат кај Вардар во натпревар од 13. коло на Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани по пауза од еден месец конечно победија во текот на неделата, а тоа беше дебитантско славје за новиот тренер Борче Христов. Пред мечот со вардарци своите очекувања ги сподеи искусниот Александар Мишов. 

„Секако дека играњето на Арената и дуел против Вардар е мотив повеќе за секого, па и за нас. Ние добро стартувавме со новиот тренер, посакуваме таа наша позитивна серија да продолжи и да се извлечеме од резултатската криза полека но сигурно. Респект за противникот, знаеме кон што се стреми Вардар, но ние имаме свои амбиции и мотиви“, изјави Мишов.

Вардар на овој меч брка враќање на лидерската позиција, додека Тиквеш брка круцијални бодови во борбата за опстанок.