Мишевски: Ќе биде тешко финале, но ние ќе одиме на победа

Дојде време за ново финале во Купот на Македонија. Во овогодинешпото, закажано за утре, ланскиот освојувач Македонија Ѓорче Петров ќе го предизвика актуелниот првак во првенството Струга Трим Љум. „Лавовите“ имаат амбиции и третпат да го кренат трофејот, меѓутоа со сигурност нема да е лесно против најквалитетниот колектив сезонава во земјава. 

Пред финалето, на средбата со медиумите пред официјалниот тренинг своите очекувања ги изнесе капитенот Филип Мишевски

„Сметам дека фактот што имаме одиграно повеќе финалиња е предност за нас. Ќе биде тешко, трите нерешени средби сезонава се доказ дека ќе биде неизвесно. Македонија ЃП како клубб има повеќе финалиња, но Струга Трим Љум со пет-шест вакви натпревари во нозете. Ќе дадеме сè од себе да го одраниме трофејот, не криеме дека одиме на победа“, кажа Мишевски.

Натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Љум е закажан за в сабота во терминот од 17:00 часот. Стружани сакаат да ја обединат двојната круна, додека „лавовите“ се на мисија да го одбранат трофејот.