Мирсад Јонуз се сели во Албанија, ќе ја води Влазнија од Скадар

Поранешниот македонски селектор и еден од ретките наши тренери во странство, Мирсад Јонуз во следната сезона ќе работи во албанската Суперлига. 57-годишниот Јонуз се договори и в петок патува да потпише договор со албанската Влазнија од Скадар. 

По работата во грчкиот Агиниакос, македонскиот стручњак сега има нова мисија и тоа во шампионатот на Албанија. Претходно, Јонуз работеше и во кипарскиот шампионат, каде го водеше тимот Неа Фамагуста. Во ПМФЛ седеше на клупите на Победа и Работнички. 

До пред неколку дена Јонуз беше на посета на Доха на покана на Фудбалската федерација на Катар и на „Aspire Akademi“. Посетата на стратегот преставува отварање на вратата за соработка со земјата следниот домаќин на Светското првенство во 2022 година.