Мирко Ивановски ќе игра за шести клуб во Романија

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски се раздели со Конкордија, но останува во Романија затоа што брзо најде нова средина.

33-годишниот напаѓач повторно ќе игра во романската Лига 2, овој пат за тимот на Тунари. Минатата сезона Ивановски ја започна во Петролул за кого одигра 14 натпревари, па во зимскиот преоден рок се пресели во Конкордија, тим за кој на девет меча даде еден гол.

Тунари е шести клуб во Романија за битолчанецот. Покрај за Петролул и Конкордија, тој играше уште и за Клуж, Динамо Букурешт и Астра Ѓурѓу.

Ивановски е поранешен репрезентативец на Македонија, кој ја започна кариерата во Пелистер, а играше уште и за Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.