• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Мирко Ивановски има нов клуб во Романија затоа што во следниот дел од сезоната ќе игра за романскиот клуб Конкордија, кој игра во второлигашкото друштво и брка промоција.
Ивановски пред осум месеци потпиша за Плоешти и тоа двегодишен договор, но двете страни се разделија предвдеме. Конкордија ќе биде домот на македонскиот напаѓач во следните шесец месеци, а во договорот постои клаузула за продолжување при евентуална промоција.
Ивановски добро го знае романскиот фудбал. Досега настапуваше за три екипи и тоа Астра, Клуж и Динамо Букурешт. 32-годишникот е поранешен репрезентативец на Македонија, кој ја започна кариерата во битолски Пелистер.
Мирко Ивановски ќе му се приклучи тимот на подготовките во Анталија.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.