• Зоран Мишевски

Последниот натпревар од Премиер лигата за 2022 година беше вистински спот за фудбалската игра. Арсенал извојува победа на гостувањето кај Брајјтон со 2-4 (0-2) и побегна на врвот на премиерлигашката табела за цели седум поени пред првакот Манчестер Сити.
- Извештај од натпреварот:
По само 66 секунди резултатот го отвори Букајо Сака и им ја олесни работата на „топџиите“. Лидерот играше комотно и полетно, а отворената игра на момците на Де Зерби целосно им одговараше. По половина час изедначена игра, најдобриот фудбалер на Арсенал, Мартин Одегард со удар од десетина минута ја погоди мрежата на Санчез за 0-2, резултат со кој се замина на одмор.
Победникот беше решен на почетокот на вториот дел, кога по акцијата на Сака и несигурната интервенција на Санчез, Нкетиа се најде на вистинското место и зголеми на 0-3. Артета го измени тимот и се обиде да го „успие“ натпреварот. Но, Брајтон имаше други намери. Јапонецот Митома во 65. минута го совлада Рамздејл и намали на 1-3. Домаќинот целосно го притисна гостинот од Лондон и натпреварот повторно беше отворен.
На петнаесеттина минути до крајот, по акцијата на Одегард, Бразилецот Мартинели ја погоди мрежата на Брајтон за 1-4. Последниот удар пак го зададе Брајтон, кој по грешката на Салиба, намали на 2-4 преку Иван Фергусон. Во 89. минута тимот на Де Зерби постигна и трет погодок, но по прегледувањето на ВАР-снимката истиот беше поништен.
Со уште едно моќно издание, четири гола и три гостински бода, Арсенал ја заокружи перфектната полусезона и веројатно почнува да размислува за освојување на титулата.