Мирчевски заминува од Железничар по крајот на сезоната

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски ќе има нов клуб по крајот на сезоната, затоа што си заминува од редовите на босанскиот тим Железничар.

Мирчевски не е во прв план кај стручниот штаб, па ќе побара повеќе минутажа во некоја нова средина. Доказ за тоа е што на последните четири мечеви во лигата, доби само четири минути.

Крилниот фудбалер кој има договор со Железничар до 1 јуни за клубот од БиХ одигра 15 натпревари на кои забележа две асистенции.

Мартин Мирчевски, кој има 28 години, во редовите на босанскиот прволигаш дојде од ТСЦ Бачка Топола, а претходно настапуваше за Академија Пандев, Вардар, Беласица, Победа, Пелистер и косовска Трепча.