Мирчевски со гол ги започна подготовките со Бачка Топола

Поранешниот најдобар стрелец во Првата македонска фудбалска лига, Мартин Мирчевски, со гол ги отвори подготовките за новата сезона во српскиот прволигаш Бачка Топола.

На пријателскиот натпревар против Сараево битолчанецот беше стрелец на единствениот погодок за својот тим. Мирчевски мрежата на босанскиот прволигаш ја затресе во 12. минута, но тоа не беше доволно за победа на Бачка Топола, затоа што Суљуќ со погодок во 77. минута ги постави конечните 1-1.

25-годишниот офанзивец во редовите на српскиот тим се пресели во февруари и минатата сезона за тринаесет натпревари постигна три гола.