• Горан Упале

Фудбалерите на Силекс дуелот на Градски против Работнички го отворија како што посакуваше Александар Васоски, со гол уште во раната фаза.
Кратовци до водство од 0-1 стигнаа по само десет минути игра, а автор на истиот беше Мартин Мирчевски. Битолчанецот ја искористи лошата комуникација на Василев со Велковски и мајсторски со лоб ја смести топката во домашниот гол. Само три минути подоцна, Мирчевски одново беше во фокусот и пак стрелаше за 0-2. Овој пат по одличниот прием со гради, со финта го измами Василев и погоди за нова гостинска радост.
- Головите на Мирчевски против Работнички:
Со овие два гола Мирчевски стигна до бројката од девет овосезонски погодоци во ПМФЛ.


