ВИДЕО: Мирчевски остана на клупа, Вест Хем се извлече кај ТСЦ во 90. минута

Големиот фаворит Вест Хем чекира следна фаза во Лигата на Европа, затоа што победи на гостински терен кај ТСЦ Бачка Топола (0-1) со погодок постигнат во самиот финиш од натпреварот во Србија.

ТСЦ Бачка Топола го намачи ривалот исто како и на првиот натпревар. Премиерлигашот дома освои три бода со пресврт, додека во Србија чекаше до самиот крај да постигне гол и да избегне незгоден резултат. Човек на одлука беше Чехот Томаш Соучек.

  • Извештај од натпреварот:

Брајтон застана на првото место во групата, со победа на жешкиот терен кај АЕК во Атина (1-0). На самиот старт на второто полувреме победата за премиерлигашот ја донесе Жоао Педро од пенал во 55. минута.

Аталанта и Спортинг во дербито одиграа реми (1-1), Фрајбург го уништи Олимпијакос (5-0), а по три бода освоија и Рен, Спарта Прага и Раков, во дуелите со Макаби Хаифа (3-0), Бетис (1-0) и Штурм Грац (1-0).

Состави

Jovan Damjanovic

4-4-2

    Грем Потер

    4-3-3